Wingwave®-коучинг
Развиен од страна на Кора Бесер-Зигмунд (Cora Besser-Siegmund) и Хари Зигмунд (Harry Siegmund), германски психолози и менаџмент-тренери во институтот Бесер-Зигмунд во Хамбург во Германија во текот на деведесеттите години од минатиот век, wingwave®-коучингот претставува нов забрзан концепт на коучинг кој комбинира неколку извонредно ефикасни и испробани техники на коучинг со цел да се добијат брзи, потполни и долготрајни резултати. Овој метод го користат многу луѓе, меѓу кои успешни директори, менаџери, креативни луѓе и спортисти, со цел максимално да ги искористат своите капацитети и да ги подобрат своите перформанси на личен и на професионален план, подобро да се фокусираат и да го подобрат сопственото здравје и благосостојба.
Овој иновативен метод најчесто се користи кога се работи за сите аспекти од животот поврзани со стресни искуства од минатото и/или отежнувачки чувства во однос на идни настани коишто влијаат врз здравјето и успехот на клиентот. Овој метод се базира врз научни истражувања и резултатите од него се многу опипливи, мерливи и брзи. Во него се зема предвид начинот на кој функционира нашиот мозок и како ги обработува информациите, како и тоа како непроцесираните искуства продолжуваат да влијаат врз нашето здравје и врз нашите перформанси.
Метафората која се крие зад името wingwave® (wing - крило, wave - бран) доаѓа од теоријата на хаос на Едвард Лоренц, според која само едно замавнување на крилјата на пеперутката може да предизвика ураган на другата страна на светот, ако замавнувањето се случи во точното време и место... „Wing“ во зборот wingwave доаѓа од замавнувањето на крилото на пеперутката. На сличен начин, за да може вашата коучинг-сесија да ги направи потребните промени кај вас, ќе одбере конкретна почетна точка за вашиот wingwave-коучинг врз основа на вашите физички и емотивни потреби во тој момент, со примена на тест за мускулна реакција („O-ring test“).
Метафората зад wingwave исто така се однесува и на тоа како двете хемисфери на мозокот работат заедно и на тој начин им даваат подршка на „интелектуалните летови“ и обезбедуваат „успешно слетување“. „Wave“ е дел и од поимот „brainwave“ кој значи „генијална идеја“ или „излив на инспирација“. Токму ваквите видови на мозочни бранови ги поттикнува насочениот wingwave-коучинг.
Исто така, wingwave® не бара од клиентот да изведе „емотивен стриптиз“ со тоа што ќе зборува за своите проблеми и ќе ги анализира; наместо тоа, негативните емоции кои се цел на интервенцијата се пронаоѓаат на безболен начин, со миостатски тест. Поради ова, wingwave®-коучингот е особено корисен кога се работи со клиенти кои страдаат од синдром на посттрауматски стрес, вклучувајќи ги и жртвите од траума или малтретирање, како и оние кои страдаат од анксиозност, фобии и панични напади.
Техниката wingwave® комбинира:
· билатерална стимулација на хемисферите, преку поттикување на „будно“ брзо движење на очите (REM - rapid eye movement) со звучни или тактилни дразби лево-десно
· невро-лингвистичко програмирање (НЛП) (дефинирање на цели, работа со субмодалитети, рифрејминг, работа по временска линија итн.)
· кинезиологија - тест за мускулна реакција (миостатски тест) за оценување на ефикасноста на процесот
Трите главни подрачја на дејност на wingwave-коучингот во работата со клиентите се регулација на стресот, коучинг за успех и коучинг за убедувања. На пример, wingwave®-коучингот им помага на клиентите:
· да направат промени
· да ги подобрат своите способности и вештини
· да ги активираат личните способности
· да развијат добра психичка кондиција
· да ги остстранат психичките и емотивните блокади
· да се ослободат од стресот дома и на работното место
· да ги постигнат личните цели
· да се здобијат со самодоверба
· да ја зголемат сопствената креативност, самоуевереност и благосостојба
· да бидат успешни при јавните настапи
· да го намалат стресот од истоштеност, несоница и џетлег
· да ги отстранат блокадите како што се страв од летање, страв од одење на забар и сл.
· да го контролираат својот однос кон храната и јадењето
За време на процесот на wingwave®-коучинг клиентот има целосна контрола врз самиот процес и може во секој момент да го продолжи или да го прекине. Коучот не инсистира на водење на процесот, што помага за успешно разрешување. Самите клиенти доаѓаат до своето лично разбирање и го градат патот кон целта според сопствените идеи, чувства и однесување.