- Wingwave

- Нлп

Coaching

  Коучинг е моќен пристап насочен кон наоѓање на решенија во процесот на помагање и поддржување на поединецот во неговото достигнување на сопствената извонредност. Коучингот претставува значајна и драгоцена соработка помеѓу коучот и клиентот; тој е креативен, предизвикувачки и мотивирачки разговор кој води кон трансформација и го насочува клиентот кон лично и професионално себеостварување во безбедна средина која дава подршка.

  Целта е да се подобрат перформансите на поединецот со тоа што ќе се откријат неговите способности преку насочен разговор и поставување на прашања. Клучен момент во коучингот е директното учество на клиентот во самиот процес на наоѓање на решенија.

  Коучингот се темели врз принципите дека луѓето веќе ги имаат сите средства кои им се потребни, никој од нас не е „погрешен“ или „расипан“; позади секое однесување се крие позитивна намера, луѓето се ОК, промената е неизбежна и така натаму; коучингот му прави простор на клиентот да ги открие сопствената креативност, сопствените средства, потенцијали и цели и повторно да се чувствува цел.

  Една од најдобрите страни на коучингот е тоа што комбинира различни техники и методи, како НЛП, визуелизација, транс итн. кои го водат поединецот кон постојан раст и развој, учење и ефикасно работење и го подобруваат квалитетот на неговиот живот на сите полиња.

  Професионалниот коуч има неколку основни способности и вештини, како што се:

·         Слушање, набљудување и прецизно следење на потребите и целите на поединецот, што значи дека секоја сесија на коучинг е единствено искуство за двете вклучени страни.

·         Поставување на јасни и соодветни прашања со цел да го охрабри поединецот на неговиот пат кон себеоткривањето.

·         Побудување на емотивни, психички и духовни состојби кај поединецот со цел да ги доведе на површината на свеста.

·         Давање и примање на фидбек.

·         Нагласување дека поединецот е одговорен за сопствените постапки и резултати.

  Уште една многу важна карактеристика на коучингот (поради која и се вели дека е насочен кон пронаоѓање на решенија) е тоа дека коучингот не се занимава со конкретни проблеми или со „поправање“ на поединецот. Справувањето со проблеми или работата на развивање на нови вештини може да се појави во текот на процесот, се разбира. 

  Главната цел на коучингот е доаѓањето до успех, промена и создавањето на предизвик кај поединецот или кај тимот, при што се поддржуваат неговите предности, се култивира неговата извонредност и се гради култура на високи перформанси со нов начин на размислување, чувствување и однесување/комуницирање, што му овозможува на поединецот или на тимот да се издигне над сопствените проблеми, лесно да изнајде решенија, да го насочи и правилно да го искористи знаењето во клучното поле на работа и да добие повеќе увид за самиот себе - за сопствените способности и сопствениот потенцијал.

  Коучот не советува, не подучува, не нуди одговори и не е тесно врзан за контекстот, што значи дека на коучот не му се потребни детални информации околу работата која ја работи клиентот. Ова значи дека коучот може да работи со која и да било област и професија, секаде каде што е потребно да се подобрат перформансите, да се подигне нивото на свесноста или на личниот и професионален развој, често во мнгоу краток временски интервал.

  Коучингот може да го направи вашиот живот далеку подобар отколку што сте замислувале дека може да биде и може да ве доведе таму каде што секогаш сте сакале да стигнете. Некои од придобивките кои можат да се добијат преку коучинг се:

·         Откривање на вашето вистинско јас

·         Препознавање и реализирање на сопствените цели, соништа, желби, таленти

·         Поставување на приоритети

·         Изразување на креативноста

·         Конструктивно размислување, управување со емоциите, ефикасно однесување

·         Воспоставување на лични вредности, сопствена визија и мисија во животот

·         Водење на живот со значење и со цел

·         Градење на успешни врски

·         Стекнување на практично знаење и способности за донесување на одлуки

·         Достигнување на рамнотежа

·         Подобрување на перформансите, потенцијалите и ефикасноста

·         Развивање на самодоверба и верба во сопствениот внатрешен глас

·         Постигнување на успех на професионален план

  Коучингот претставува моќна врска помеѓу коучот и клиентот која се темели врз искреност, вистина и меѓусебна доверба, која е полна со анализирање и размислување, преиспитување на ставовите и однесувањата во безбедна и сигурна средина, и која му овозможува на клиентот да ги формулира своите сопствени идеи и решенија. Во организациски контекст, коучингот доведува до зголемена свесност за важноста и влијанието на поединецот во пошироката перспектива на бизнисот. Во секој случај, ангажманот на клиентот е од пресудно значење за коучингот да биде успешен и да го поддржи креативниот процес на изнаоѓање на сопствени решенија и преземање на соодветни мерки, што води кон длабока и потрајна промена во однесувањето.

  Коучингот може да се примени во најразлични ситуации во кои е потребен развој на личен или на професионален план, или пак решавање на состојби и проблеми од секој аспект на живеењето, како на пример: состојби на блокада, стрес, кризи во личниот или професионалниот живот, недостиг на мотивација, проблеми при водење на тимови, конфликтни ситуации итн.

  Топло ви препорачуваме да научите нешто повеќе за коучингот, да дознаете кои се вашите цели во работата со коуч и да не заборавате дека коучингот претставува една значајна врска. Помеѓу вас и коучот би требало да постои поврзаност која ќе ви одговара вам лично и во која ќе се чувствувате удобно.