Pranic Healing
"Лекувањето со Прана не
е наменето да ја замени класичната медицина, туку да ја надополнува. Ако
симптомите продолжат да се јавуваат или болеста е сериозна, веднаш консултирајте
лекар или Лиценциран Прана Исцелител".
- Мастер Чоа Кок Суи
Лекувањето со Прана е базирано на целосната структура на
човечкото тело. Физичкото тело на човекот се состои од два дела: видливо физичко
тело и невидливо енергетско тело наречено биоплазматично тело. Видливото физичко
тело е дел од човечкото тело кој го гледаме, го допираме и на кој сме навикнати.
Биоплазматичното тело е невидливо блескаво енергетско тело кое навлегува во
физичкото тело и се простира и надвор од него.
Лекувањето со
Прана е древна уметност и наука на лекување, која користи Прана или "ки"
(животна енергија) со цел сеопфатно лекување на физичкото тело.Прана е
санскритски збор со значење "животна сила", невидлива био-енергија или витална
енергија која го одржува телото во живот. Лекувањето со Прана било широко
распространето и применувано во древните цивилизации на Кина, Египет и
Индија.
Опфаќа лесно разбирливи
техники на природно лекување и претставува научна бездопирна технологија. Ја
користи Праната со цел поттикнување на специфични биохемиски процеси и
забрзување на вродената способност на телото да спречува, олеснува и лекува
широк спектар на физички, емоционалнни и ментални заболувања.
Методите се
едноставни и лесни за учење; секој може да научи и применува Лекување со Прана
за многу кратко време. Не се потребни претходни знаења. Лекувањето со Прана бара
време за усовршување. Секоја здрава личност со просечна интелигенција,
концентрација и упорност може да научи Лекување со Прана за многу краток
временски период. Не е потребен физички допир бидејќи Лекувањето со Прана се
применува првенствено на енергетското тело.
Што може да се
постигне со Лекувањето со Прана?
· Да се намали температурата за неколку часа и излекување за ден или два кај деца со треска.
· Ослободување од главоболки, стомачни болки, забоболки и мускулни болки, веднаш во повеќето случаи.
· Кашлица и настинка вообичаено се лекуваат за ден или два. Неправилна работа на цревата за неколку часа.
· Тешки заболувања како на пример: проблеми со очите, бубрезите и срцето се ублажуваат со неколку третмани, а се лекуваат за неколку месеци.
Го зголемува степенот на лекување три пати повеќе од нормалата.