- Реики

- Pranic Healing

- Бачови цветни есенции

EFT

  Emotional Freedom Techniques - EFT (техники на емоционална слобода) претставува вид на интервенција која комбинира различни методи на алтернативната медицина, меѓу кои акупунктура, невро-линвистичко програмирање (НЛП), енергетска медицина и терапија со мисловно поле (Thought Field Therapy). EFT се занимава со емоционалните проблеми, кои најчесто се причина за вознемиреност кај луѓето. Разрешувањето на овие проблеми доведува до подобрување на физички план. EFT е многу поразличен од конвенционалните терапии и токму затоа често функционира во оние случаи кога ништо друго не помага.

  Во суштина, EFT е емоционален еквивалент на акупунктурата, со таа разлика што не користи игли. Процесот се состои од психичко „фокусирање“ на конкретни проблеми додека во исто време се стимулираат одредени меридијански точки на телото со тапкање со прстите. EFT ги урамнотежува нарушувањата на меридијанскиот систем и на тој начин третманот трае неколку минути или часови, наместо да трае со месеци или години, колку што би траел со конвенционална терапија. Основниот метод е многу едноставен и секој може лесно да го научи. Не е потребно никакво претходно предзнаење.

  Во старите тибетски и кинески традиции постои едно древно учење, од пред околу 5000 години, кое се однесува на градбата на човечкото битие. Тоа претставува јадро на источната традиционална медицина и ја сочинува основата на различните современи техники, како акупунктура, акупресура, лекување со прана и уште многу други. Старите народи уште тогаш го откриле комплексниот систем на енергетски кола кои минуваат низ телото и околу него.

  Овие енергетски кола, таканаречени меридијани, не можат да се видат со голо око и покажуваат дека нашите тела во основа имаат електрична природа. Нашите електрични системи се од витално значење за нашето здравје. Низ телото постојано се испраќаат електрични пораки за тоа постојано да биде во тек со сè што се случува. Кога оваа енергија не би протекувала низ целото тело, ние не би можеле да гледаме, да слушаме, да чувствуваме, да вкусуваме или да мирисаме.

  EFT дава јасни докази дека енергијата тече низ вашите меридијани бидејќи дава резултати преку кои можете да видите дека постои. Преку едноставно тапкање околу крајните точки на вашите енергетски меридијани, можете да бидете сведоци на големи промени во вашето емотивно и физички здравје.

  EFT се базира и врз фактот дека негативните состојби се чуваат, дури се и заглавени, во енергетскиот систем на телото. Кога ќе се вметне иглата за акупунктура во еден енергетски т.е. прана-меридијан, тоа е со намера да се придвижи енергијата и да се помести застојаната или заглавената прана (енергија). EFT функционира на истиот начин, ја придвижува заглавената или застојаната емотивна енергија така што ја заменува со спокој, доверба, мир, способност.

  Тапкањето во EFT може значајно да ги подобри вашето емоционално здравје, вашата способност да привлекувате изобилство, вашата среќа и вашиот живот така што ќе ги смени обрасците кои управуваат со вашето здравје, успех и среќа.

  Некои од ефектите на EFT се:

·     ја отстранува вознемиреноста

·     ги отстранува последиците од траума

·     ги елиминира гневот и лутината

·     ја ублажува депресијата

·     го подобрува перформансите во работата, спортот, креативните активности, учењето

·     ги менува личните убедувања, однесувања и чувства кои нè ограничуваат

·     ги ублажува физичките и здравствените проблеми

·     ја намалува телесната тежина

·     драматично ги намалува негативните емоции

·     ги подобрува или сосема ги отстранува лошите навики и однесувања

·     ја зголемува способноста да се успее, да се сака и да се ужива во животот

  Но, веројатно најмоќниот аспект на EFT е тоа дека можете да го правите сами за да го промените сопствениот живот. Кога ќе научите сами да го правите процесот, ќе се здобиете со моќ и одговорност брзо да го подобрите вашиот сопствен живот.